Најмалку 16 луѓе загинаа во голем руски воздушен напад врз западниот украински град Тернопил, а најмалку 64 се повредени, меѓу кои 16 се деца, соопшти денеска локалната полиција.
Спасувачите извлекле луѓе од уништени станови во две станбени згради по девет ката, напиша на Телеграм министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко. Тој рече дека под урнатините сè уште има затрупани луѓе.
Во текот на ноќта имало и масивни руски напади во источниот регион Харков, при што биле повредени повеќе од 30 луѓе.
Украинската противвоздушна одбрана регистрирала вкупно 442 напади со руски дронови и повеќе од 40 со крстосувачки ракети.
