Партиското крило на Алијанса за Албанците, предводено од Зијадин Села, синоќа ја напушти коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) под водство на ДУИ. Претседателството на партијата одлучи нејзините пратеници во Собранието да формираат независна група и Алијансата да дејствува самостојно.
Во соопштението, Алијансата го образложи чекорот со незадоволството од исходот на локалните избори, особено поради, како што велат, „моќен државен инженеринг“ и интервенции на албанските и македонските партии кои, како што велат, ја поткопале позицијата на Албанците на локално ниво.
Зијадин Села во изјава за Телма додаде дека Алијансата за Албанците би разгледала учество во владата на Мицкоски само ако бидат исполнети три конкретни услови, што ја остава партијата како независна, но конструктивна опозиција во наредниот период. Мицкоски, пак, вчера во интервју за Телма рече дека не прифаќа никакви условувања.
