Смена на државниот обвинител Коцевски, бара премиерот кој посакува судење за Пулс без политичко влијание- поенти од интервјуто со претседателот на владата Христијан Мицкоски за ТОП Тема каде посочи и плата на судија од 3 илјади евра.
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТОП Тема рече дека очекува од судењето за Пулс да биде без политичко влијание и злоупотреба од политичките фактори.
За разлика од нив, додаде премиерот, „јас цело време молчам и оставам обвинителството, судовите да си ги вршат оние надлежности кои што ги имаат, односно да имаме фер судење, да имаме судење кое што јасно ќе детектира кои се виновни, кои не се виновни“.
Мицкоски побара и смена на државниот обвинител Љупчо Коцевски за кого веќе е изгласана недоверба во Собранието.
Мицкоски смета дека судскиот буџет не треба да се зголемува бидејќи платите на судиите се високи.
