Вести Свет

Зеленски во посета на Грција – полиција забрани протести во Атина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис, а се очекува природниот гас и енергетиката да бидат во фокусот на средбите, додека пак со одлука на полицијата, во текот на денешниот ден забранети се собири и протести во грчката метропола.

Посетата на Зеленски на Атина, од безбедносни причини, официјално беше соопштена утрово.

Украинскиот претседател преку Икс најави дека во Грција доаѓа за да потпишат договор за увоз на природен гас.

Денес веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште една рута за снабдување со гас, со цел што е можно повеќе да се обезбедат увозите за зимата, посочи Зеленски.

Од грчката полиција соопштија дека поради посетата на претседателот на Украина на Атина од 6 часот утрово до 22:00 забранети се собири и протести во центарот на градот како и во неколку атински населби.

Зеленски последен пат во Атина беше при крајот на август 2023 година, кога грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис организираше неформална вечера за лидерите од регионот по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан, а беше поканет и претседателот на Украина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе