Вести Македонија

Со 1,54 промили алкохол возел низ Кавадарци

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.

Утринава во 04:15 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.Ѓ.(41) од од овој град. При контрола  на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.

Како што додадоа оттаму, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе