„По однос на прилогот на телевизија Телма од 12.11.2025 г., за анонимна претставка поднесена до Државна комисија за спречување корупција (ДКСК) за „Вработени во Агенцијата за разузнавање без безбедносен сертификат“, Агенцијата за разузнавање ја информира јавноста дека во двата случаи ги има запазено сите процедури кои произлегуваат од законските прописи и овластувања, со што наводите во споменатата претставка целосно ги отфрла како неточни и неосновани и смета дека имаат за цел рушење на угледот на директорката и на Агенцијата за разузнавање.
Дополнително, Агенцијата за разузнавање ја информира јавноста дека по однос на тврдењата во претставката за првонаведениот случај, односно за вработениот кој добил негативен одговор од Дирекцијата за безбедност на класифицирани инфромации (ДБКИ) по однос на безбедносниот сертификат, се работи за затекната состојба од периодот на претходниот директор. Притоа, од страна на актуелната директорка се запазени сите права од работен однос и меритумот од Одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор од втор степен.
За вториот случај, за четворицата вработени, кои претходно биле под суспензија, директорката на Агенцијата за разузнавање постапила согласно законските норми и одлуките од Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор од втор степен, кои се во полза на вработените. ДКСК, во двата случаи, образложи дека не постојат сомнежи за корупција“ стои во реакцијата на Агенцијата за разузнавање.
Инаку Телма вчера објави дека во ДКСК пристигнала претставка за директорката на Агенцијата за разузнавање со сомнеж дека овозможила во Агенцијата да работат без безбедносен сертификат. ДКСК се прогласи за ненадлежна за да постапува и ја препрати во собраниската Комисија за надзор на АР, и до кабинетот на претстедателката Гордана Сиљановска Давкова.
Вработени во Агенцијата за разузнавање без безбедносен сертификат
Т.Д.
