Вести Македонија Топ вести

Се обидел да изнуди 35.000 евра од повозрасна жена со лажна приказна дека ќерка ѝ треба да се оперира во Италија – полициjата го уапси

Се јавил кај повозрасна жена од Крива Паланка и се претставил дека е лекар од Италија. Потоа кажал дека ќерка ѝ паднала, има повеќе скршеници на нога и вилица и треба да се оперира за што се потребни 35 000 евра.

Загрижената мајка рекла дека нема толку пари, но се согласила да ги даде сите пари што ги има дома. Во меѓувреме се јавила на зет ѝ кој ја советувал да пријави во полиција. Измамникот е уапсен во близина на домот на жртвата.

„На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д. (45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама“, соопшти полицијата.

„Претходно на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но во меѓувреме се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом“, додаваат од полицијата.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

(Видео) Најмалку 32 загинати и над 700 повредени – два разорни земјотреса ја погодија Венецуела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе