Вести Македонија Топ вести

Бугарското МНР се дистанцира од скандалот со објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски

Бугарското МНР негира дека е одговорно за  објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски и оценува дека не може да стане збор за загрозување на безбедноста на премиерот зашто настаните на кои се однесува дипломатската  нота се случиле во минатото.

„Министерството за надворешни работи не дистрибуирало никаква дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија од страна на членови на семејството на официјален претставник на друга држава“, се вели во соопштението на министерството.

„Информациите што циркулираа во јавниот простор во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани што се случија пред некое време. Во моментов, оваа информација не може да се смета како основа за заклучување дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или на која било друга земја“, велат од Министерството.

Реакцијата следува по повикувањето на бугарскиот амбасадор во Скопје во македонското Министерство за надворешни работи, а по објавување на информации поврзани со патувањето на семејството на премиерот.

Македонските власти го повикаа бугарскиот амбасадор и побараа појаснување од бугарските власти за објавувањето на чувствителни информации во јавноста, а премиерот за случајот ги инфромираше и членките на НАТО…

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски  побара извинување и брза реакција од бугарските власти. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Се обидел да изнуди 35.000 евра од повозрасна жена со лажна приказна дека ќерка ѝ треба да се оперира во Италија – полициjата го уапси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе