Бразил со сигурна победа против Шкотска го освои првото место во групата Ц на Светското фудбалско првенство 2026 година. Во нокаут-фазата оди и Мароко, кој славеше против Хаити, додека од групата Б понатаму се пласираа три селекции. Место во следната фаза обезбеди и еден од ко-домаќините, Мексико, како и Јужна Африка, која ја изненади Јужна Кореја.
Мексико немаше проблеми против Чешка и победи со убедливи 3-0, со што го обезбеди првото место во групата А. Јужна Африка, благодарение на голот на Тапело Масеко во 63-тата минута, стигна до важни три бода против Јужна Кореја и заврши на второто место во групата. Корејците останаа трети со три бода и ќе ја чекаат разврската во останатите групи за да видат дали ќе се најдат меѓу осумте најдобри третопласирани селекции.
Во групата Б, Швајцарија со 2-1 ја победи Канада и го освои првото место со седум бодови. Канада заврши како второпласирана со четири бода, колку што освои и Босна и Херцеговина по победата од 3-1 против Катар. Босанците сигурно продолжуваат понатаму како една од најдобрите третопласирани селекции, додека Катар го заврши настапот со еден бод.
Бразил со 3-0 ја совлада Шкотска и го потврди првото место во групата Ц. Двапати погоди Винисиус Жуниор, а во листата на стрелците се запиша и Матеуш Куња. Нејмар влезе во игра во второто полувреме и го одигра својот прв натпревар на турнирот. „Кариоките“ завршија на врвот со седум бодови, исто колку и Мароко, кој по победата од 4-2 против Хаити финишираше втор поради послаба гол-разлика. Шкотска остана трета со три бода и ќе чека дали тоа ќе биде доволно за пласман во нокаут-фазата, додека Хаити го заврши турнирот без освоен бод.
ФУДБАЛ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026
(3.КОЛО)
ГРУПА А
ЧЕШКА – МЕКСИКО 0-3
Ј. АФРИКА – Ј. КОРЕЈА 1-0
ТАБЕЛА
1. МЕКСИКО 9
2. Ј. АФРИКА 4
3. Ј. КОРЕЈА 3
4. ЧЕШКА 1
ГРУПА Б
ШВАЈЦАРИЈА – КАНАДА 2-1
БИХ – КАТАР 3-1
ТАБЕЛА
1. ШВАЈЦАРИЈА 7
2. КАНАДА 4
3. БИХ 4
4. КАТАР 1
ГРУПА Ц
ШКОТСКА – БРАЗИЛ 3-0
МАРОКО – ХАИТИ 4-2
ТАБЕЛА
1. БРАЗИЛ 7
2. МАРОКО 7
3. ШКОТСКА 3
4. ХАИТИ 0
