Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во ниту еден момент не побарал дозвола од претседателот на САД, Доналд Трамп за нападот врз Иран во 2025 година.
„Едноставно го известив. Му реков дека одиме на Иран, бидејќи нема да седам и да чекам нашите непријатели кои отворено, на цел глас, изјавуваат дека сакаат да нè уништат, а и вас (Америка), исто така. Тоа нема да го дозволам. и затоа дејствувавме. Не барав дозвола“, рече Нетанјаху во говор на конференцијата Муни Експо во Тел Авив.
Оценка е дека порака на Нетанјаху е насочена кон потврда на стратешката независност на Израел во екот на тензии меѓу Израел и САД поради континуираните обиди на Трамп за договор со Иран.
