Два силни земјотреси ја погодија Венецуела, и предизвикаа тресење и уривање на згради во главниот град Каракас. Граѓани панично трчаа да се спасат.
Епицентарот на земјотресите е 28 км северозападно од градот Монталбан каде се сместени најголем број од државните рафинерии. Земјотресот од 7.5 степени ја погоди областа само 40 секунди по првиот удар со магнитуда од 7.2 степени.
Министерот за внатрешни работи ги повика граѓаните да ги напуштат своите домови и да останат на улици поради опасност од нови афтершокови.
Спасувачките екипи се на терен. Во Каракас од под урнатините се спасени и извлечени 18 лица. Градоначалникот соопшти дека најмалку две згради се целосно урнати, а голем број се сериозно оштетени.
Во средата во Каракас беше национален празник и голем број од жителите беа во своите домови, објави Си-Ен-Ен.
