Вести Македонија

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

СДСМ денеска преку соопштение побара од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) без одлагање да го проследи предметот за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, до Јавното обвинителство, поради, како што тврдат од партијата, сомнежи за прикривање имот.

Од СДСМ наведуваат дека постојат јавно достапни податоци кои покажуваат поврзаност на Јанушев со компанија регистрирана во Бугарија, а која, според нив, не била наведена во неговите анкетни листови.

Според партијата, доколку се утврди дека станува збор за прикривање имот, законот предвидува прекршочни и кривични санкции, вклучително и парична казна, затворска казна, конфискација на имотот и дополнително оданочување.

„ДКСК нема право да остане нем набљудувач. Доколку постојат основи на сомневање дека е извршено кривично дело, Комисијата е должна без одлагање да го проследи предметот до надлежниот јавен обвинител“, соопштија од СДСМ.

Од опозициската партија сметаат дека Јанушев не треба да остане на функцијата генерален секретар на Владата додека трае евентуална истрага, повикувајќи го да поднесе оставка или Владата да го разреши.

Во партиското соопштение, СДСМ упати критики и кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за лицемерие во однос на политиките кон Бугарија и европските интеграции.

„Јавното обвинителство мора да реагира. Јанушев мора да сноси одговорност. Време е за вистина и правда. Никој не е над законот“, наведуваат од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Се обидел да изнуди 35.000 евра од повозрасна жена со лажна приказна дека ќерка ѝ треба да се оперира во Италија – полициjата го уапси

Дејан Дејан

(Видео) Најмалку 32 загинати и над 700 повредени – два разорни земјотреса ја погодија Венецуела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе