Во пресрет на судскиот процес за трагедијата во Кочани, повторно се отвораат прашањата за одговорност, корупција и владеење на правото. Дали системот потфрли поради нестручност, политички притисоци или коруптивни врски?
И дали токму овој случај ќе покаже дали во Македонија, конечно, има еднаквост пред законот? Извештајот на Европската комисија (ЕК) повторно укажува на истите слабости – судството и борбата против корупцијата остануваат најпроблематични области. Довербата на граѓаните е ниска, а чувството на неказнивост расте.
Во „Директно“ гостуваа адвокатите Звонко Давидовиќ и Костадин Богданов, како и поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска кои дебатираа за тоа каде заглавува правдата, што значи институционална одговорност и има ли волја да се расчисти со корупцијата што ја разјадува државата.
