Вести Култура Топ вести

Врачена наградата „Оливера Николова“ на Ермис Лафазановски

Вечерва на истакнатиот македонски писател Ермис Лафазановски му беше свечено доделена наградата „Оливера Николова“ за неговиот роман „Џинџуџе“, кое е воедно и прво негово дело за деца и млади. „Романот „Џинџуџе„ е модерна бајка за потрагата по среќа, сместена во наше време и на наш простор.

На првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“, која ја установи издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на Николова, пристигнаа 38 ракописи од 37 автори. Наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади е установена на 11 март 2025 година, на денот на раѓањето на Оливера Николова – првиот без нејзино физичко присуство меѓу нас. Николова почина на 3 ноември 2024 година.

  • Децата и нивното воспитување е тоа што ни остана, за да се спасиме од душевното пропаѓање барем во иднината. Од таа гледна точка мислам дека секоја детска книга дава огромен придонес всушност кон нашата иднина. Од тука гледано јас навистина сум многу возбуден што ја добив наградата со нејзиното име, особено како што кажа и Јана соработувавме и на професионален и на личен план со Оливера Николова. Во секој случај жена, писателка која што е еден од столбовите на нашата класична или ако сакате на модерната литература, изјави Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе