Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека големите количини пластичен отпад во реката Вардар се резултат на слабите комунални услуги, особено во руралните средини. Оттаму наведуваат дека присуството на диви депонии на јавни површини претставува сериозен проблем за кој се одговорни локалните самоуправи и општинските инспекциски служби. Од Министерството информираат дека заедно со Државниот инспекторат за животна средина работат на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина. Целта е воспоставување единствен систем на контрола што ќе обезбеди поефикасен надзор и подобра заштита на реките и водните текови. Фотографии и видеа објавени во медиумите покажуваат дека поради обилните врнежи и зголемениот водостој, илјадници пластични шишиња и отпад се слеале по текот на Вардар, најмногу во Тетово и Скопје.
МЖС: Слабите комунални услуги причина за пластичниот отпад во Вардар
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
