20 осудени лица кои не боледуваат од психичко заболување, туку се здрави и пресметливи, биле сместени во Форензичко одделение на Психијатриската болница „Демир Хисар“ – утврди Тимот на Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител.
Според заменичката народен правобранител Соња Трифуновска, постојат сериозни сомнежи дека дел од овие лица, преку спорни судско-психијатриски вештачења и лажни наоди за непресметливост, успеале да избегнат издржување затворски казни и наместо тоа биле упатени на психијатриско лекување.
Најголеми последици трпат вистинските психијатриски пациенти, кои се малтретирани, заплашувани и злоупотребувани од осудениците.
Медицинските персонал, обучен за терапевтска работа, а не за обезбедување лица со криминално минато, е изложени на професионален и личен ризик, и трпи закани по нивната безбедност.
Меѓу другото Труфуновска истакна дека поради тоа што болницата нема посебно обезбедување и регистрирани се чести случаи на бегства на пациенти. А регисриран е и еден случај на самоубиство.
