Како ќе изгледа реконструираниот владин кабинет, разврска се најавува за следната недела . Но во јавноста веќе излегуваат информации од преговорите мегу владините партнери кои се уште не се конечни. Правда, здравство, култура , европски прашања, земјоделство, спорт се дел од министерствата во кои се поизвесно е дека ќе седнат нови министри. Од ЗНАМ ниту ги негираат ниту ги потвруваат информациите дека остануваат без правда а во замена ВМРО ДПМНЕ им го нуди земјоделство додека тие пак тие целат кон министер за внатрешни, одбрана или финансии. Велат дека пред две години влегле во владата не заради задоволување на лични амбиции туку за остварувањето на програмата
„Ние имавме неколку средби на партиско лидерско ниво и преговарачките тимови работат во континуитет.На маса се сите отворени теми.Нема конечен договор за ниту едно прашање.Очекуваме разврска кон средината на следната недела“, Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.
Ако се официјализира заминувањето на Филков, во Правда може да седне кадар на ВРЕДИ, а реконструкцијата е се поизвесна и во ресорот здравство каде што 9 месеци беше министер Азир Алиу.
„Јас не сум ја почнал мојата кариера со политичка функција и не верувам дека ќе ја завршам мојата кариера со политичка функција бидејќи тоа не е здраво прво за мене, а второ за политичката инфраструктура во земјата да имате човек којшто со години ќе биде на политичка функција. Ова е институционално прашање, не е лично прашање, бидејќи јас не аплицирав, немаше конкурс за да аплицирам да станам министер, туку ова е политичка функција, институционална, и институциите треба да одговорат кој ќе биде на чело на едно министерство, во случајот на Здравство“, рече Азир Алиу министер за здравство.
За местото на Алиу се споменува министерот за европски прашања и вицепремиер Беким Сали кој претходно веке беше на оваа позиција во владата предводена од СДСМ но не се исклучува да го добие и ВМРО ДПМНЕ.. Смена се најавува и во ресорот култура а министерОт Љутков вели:
„Како што кажав, сè уште течат преговорите и ќе видиме. Но, што и да се случи, јас сум тука и секогаш стојам зад културата. Затоа што културата е нашиот идентитет, нашата традиција и мислам дека е најважното министерство во една влада“, вели министер за култура Зоран Љутков.
Опозициската СДСМ во владината рекнонстукција гледа тепачка за фотељи и војна на кланови
„ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за влијанија. Димитриевски има свој човек и го сака Министерството за земјоделство а од друга страна Минчев не го сака Министерство за земјоделство, бидејќи знае дека таму парите се скратени а земјоделците се крајно незадоволни“, велат од СДСМ.
„Не се точни тие информации дека се скарани“, рече Мемов.
За реконструкција се споменува и Шабан Салиу, министер без ресор кој е и обвинет за трагедијата во Пулс да биде реконструиран.
