Вести Македонија Топ вести

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Високите температури го зголемија и бројот на повици и интервенции на Итната медицинска помош. Лекарите со апел до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат препораките и да не чекаат секогаш на сила да стапат мерки на надлежните институции за да бидат одговорни кон сопственото здравје.

„На пример од утрово имавме неколку интервенции на колапси на јавни места, пад од моторцикл и пад од тротинет. Да, зголемен е бројот на интервенции на јавни места и луѓе кои бараат помош од нас.

За која возрасна група најчесто станува збор ?

Кога се јавуваат во Итната медицинска помош се јавуваат за повозрасните луѓе и за влошување кај хроничните заболувања, затоа што во услови на екстремни горештини страда телото, страда мозокот и има варијации на крвниот притисок, настанува вртоглавица при електролитен дисбаланс, главоболки. Почести се и мозочните удари морам да напоменам“, вели д-р Елена Карева -Пиловска, шеф на смена во Итна медицинска помош.

Во претстојниот период се најавени високи температури. Според УХМР во моментов се наоѓаме во жолта фаза. Но според најавите во текот на утрешниот ден скопскиот и полошкиот регион ќе  бидат под портокалов аларм.

„Да препорачаме секој да си го чува своето здравје. Да реагигира предвремено, пред да настане жед, затоа што импулсот за жед настанува малку подоцна откако ќе настане блага дехидратација. Како што си го носиме телефонот со нас секогаш да си го земеме со нас и шишенцето со вода, да ја спречиме дехидратацијата затоа што така спречуваме еден електролитен дисбаланс, потењето, губиме течности, губиме електролити, тоа влијае на центарот за рамнотежа. Затоа при овие екстремни температури луѓето чувствуваат вртоглавица, зуење во ушите, забрзан ритам на срцето. 

Да се внимава да не се затвораат деца, миленичиња и возрасни луѓе во автомобили, во непроветрени простории“, вели д-р Елена Карева- Пиловска, шеф на смена во Итна медицинска помош.   

Доктор Карева- Пиловска со апел до родителите да внимаваат на малите деца, затоа што нивниот центар за терморегулација не е доволно развиен и постојано треба да им со нуди вода и течности, дури и кога тоа не го бараат.

Граѓаните да бидат одговорни кон сопственото здравје, апелираат лекарите. Во претстојниот период се најавуваат високи температури, период кој е особено ризичен за хроничноболните, децата и возрасните.

Новинар: Нина Стефанова

Снимател: Тони Стојановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе