Вести Свет

Страотно пукање во црква во Мичиген – четири лица се убиени, а осуммина се повредени

За време на неделна служба во црква во Мичиген вооружен маж отворил оган и ја запалил зградата, и убива четири, а рани осум лица. Полицијата која пристигнала на местото на настанот веднаш го застрелала осомничениот, соопштија властите.

„Неуморно работиме на пронаоѓање на дополнителни тела. Целата црква не е расчистена, бидејќи е целосно оштетена од пожарот“, изјави началникот на полицијата на општина Гранд Бланшип, Вилијам Рење.

Ким Ветер, од полицијата на државата Мичиген, изјави дека полицијата добила „повици на 911 за закани со бомби“ на различни локации, од кои некои биле цркви. „Реагиравме и ги исчистивме тие локации“, додаде таа.

Пламен и чад можеа да се видат како излегуваат од црквата со часови пред пожарот да биде изгаснат. Полицијата ја блокираше улицата што води до домот на осомничениот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе