Вести Свет

Милановиќ во ОН: Во Газа се случува масакр, а предупредувам и на поткопување на стабилноста на Балканот

Конфликтот во Газа е повеќе од само војна и претставува масакр, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ  на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, повикувајќи на негово прекинување и признавање на политичките аспирации на палестинскиот народ.

„Десетици илјади жени и деца се убиени во Газа. Милиони луѓе живеат без безбедност, храна, лекови и основно човечко достоинство. Ова е повеќе од само војна, тоа е масакр. Итно повикуваме на нејзино прекинување, за безбедно доставување на помош, особено за децата, и за ослободување на сите заложници“, рече претседателот.

Тој додаде дека траен мир може да се постигне само преку универзално признавање на легитимните политички аспирации на палестинскиот народ, кои, според него, долго време биле негирани, и дека е време да се „затвори тоа поглавје“.

Тој се осврна и на војната во Украина и изрази надеж дека „бесмислената загуба на човечки животи“ таму ќе заврши што е можно поскоро, поздравувајќи ги неодамнешните дипломатски напори и охрабрувајќи инклузивен дијалог што може да донесе мир.

Истакна дека Хрватска продолжува да се залага и да промовира легитимни политички процеси како основа за напредок во регионот на Југоисточна Европа.

„Членството во Европската Унија не е решение за сите предизвици, но останува силен двигател на просперитетот, што е видливо во Хрватска“, нагласи Милановиќ, додавајќи дека Хрватска промовира добрососедски односи и ги повикува сите држави да се воздржат од поткопување на стабилноста во регионот“.

Милановиќ го повтори својот апел за целосно почитување на уставниот поредок, суверенитетот и еднаквоста на трите конститутивни народи во Босна и Херцеговина и ги повика сите страни и меѓународната заедница да го почитуваат мировниот договор од Дејтон и Париз.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе