Вести Свет Топ вести

Трамп нaјави одземање на лиценците за телевизиските мрежи кои известуваат негативно за него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на телевизиски мрежи може да им бидат одземени лиценците за емитување ако известуваат претежно негативно за него, јави Си-Ен-Ен.

„Некаде прочитав дека 97 проценти од телевизиските мрежи се против мене, а сепак лесно ги добив изборите“, рече тој, додавајќи дека ги освоил сите седум неопределени држави и гласањето на народот. И покрај ова, рече Трамп, 97 проценти од телевизиските мрежи му даваат лош публицитет.

-Тие добиле лиценца за емитување, па мислам дека можеби треба да им се одземе, рече американскиот претседател.

Зборувајќи во „Ер Форс Уан“ по враќањето од Велика Британија, Трамп рече дека ќе го одобри потегот на Федералната комисија за комуникации за одземање на лиценци, сугерирајќи дека телевизиските мрежи треба периодично да аплицираат за нив. Подоцна додаде дека критериумите за одземање на лиценците за телевизиските мрежи може да бидат отсуството на конзервативни ставови.

„Тоа треба да се дискутира, бидејќи имате телевизиска мрежа што емитува програма доцна во ноќта што го напаѓа само Трамп и ништо друго. Тие не можат да го сторат тоа, тие се огранок на демократите“, рече американскиот претседател.

Трамп додаде дека одлуката ќе му ја препушти на претседателот на FCC, Брендан Кар, кој се најде во средината на контроверзноста околу откажувањето на шоуто на Џими Кимел поради неговите коментари за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе