Масовни демонтрации во Франција против владата на претседателот Емануел Макрон и нејзините предлози за намалување на финансирањето на јавните услуги што се поткрепа на Французите.
Денеска има штрајкови во транспортот, беше блокирано и париското метро, а сообраќајот се одвиваше отежнато.
На видео фотографиите од Асошиејтед прес се гледа како полицијата дирекно в лице им го пушта солзавецот на демонстрантите, а еден припадник на кордонот дури и со клоци ги растерува насобраните луѓе.

- „Актуелните проблеми за земјата се пред сè актуелни проблеми за работничката класа“, рече Жан-Пјер Мерсие, претставник на синдикатот на SUD во Стелантис Поаси, фабрика за производство на автомобили.
Почнувајќи од Плоштадот на Бастилја, синдикални балони и знамиња се вееја над транспаренти на кои пишуваше: „Еднаквост: Ултрабогати и мултинационални компании, платете го својот дел“.
- „Се надеваме на многу силна мобилизација што ќе ја потисне владата назад и ќе ја натера да се откаже од своите проекти за штедење, кои станаа неподносливи“, рече Мари Веирон, национален секретар на Конфедерацијата на синдикати „Солидари“.

Како што објавува АП, уште пред зори полициските сили употребиле солзавец, а подоцна во текот на денот се забележани и судири меѓу полицајците и демонстрантите во Париз.
Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја.
Демонстрациите низ целата земја мобилизираа стотици илјади учесници, кои го изразија својот гнев поради растечката сиромаштија, заострувањето на нееднаквоста и борбата на слабо платените работници кои тешко врзуваат крај со крај.

Синдикатите што повикаа на штрајкови инсистираат на напуштање на предложените намалувања на буџетот, замрзнување на социјалната помош и други мерки за „стегање на ременот“ за кои тврдат дека дополнително ќе ги погодат нископлатените работници и работниците од средната класа.


