Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека Путин го користи преговарачкиот процес за да се извлече од политичката изолација која западните земји му ја наметнаа по руската инвазија во 2022 година.
Зеленски е убеден дека Путин сака да ги изманипулира САД одолговлекувајќи го процесот за да го одложи воведувањето нови санкции, што пак на Русија ѝ овозможува да ја продолжи војната против Украина. Изјавите на украинскиот претседател доаѓаат само неколку часа откако беше објавено дека на инсистирање на Доналд Трамп, ЕУ го одложиле воведувањето на 19-от пакет санкции против Русија.
„Мислам дека тој му даде многу на Путин, и уверен сум дека да се одржеше трилатералната средба, ние ќе постигневме некаков резултат бидејќи Путин многу сакаше да се сретне со Трамп. Сакаше да избега од политичката изолација и сметам дека требаше да плати повисока цена. Да плати повеќе правејќи чекор назад и да запре, но наместо тоа тој доби признавање, доби фотографии со претседателот Трамп, доби јавен дијалог и мислам дека тоа на Путин му отвори врати во други самити и формати. Ние го гледаме тоа, го сведочиме и мислам дека не плати никаква цена, но требаше да плати“, изјави Володимир Зеленски, петседател на Украина.
