Во сабота претпладне ќе се задржи сончево со умерена облачност. Но, во попладневните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18°C, а максимумот од 27 до 35°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 22.0, Преспанско Езеро 21.0, Дојранско Езеро 22.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
