Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 21°C, а максимумот од 32 до 39°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 24.0, Преспанско Езеро 22.5, Дојранско Езеро 26.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
