75-годишна македонска државјанка вчера попладне била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики.
И покрај укажаната помош лекарите констатирале смрт.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка била извадена без знаци на живот.
Во рамките на прелиминарната истрагата наредено е да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.
Според информациите на МИА, ова е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи за оваа сезона.
Во изминатите два месеци животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.
