Вести Култура

Манчевски со „Збогум Копакабано“ ги отвора темите за сиромаштијата, љубовта и преживувањето

Задоволен сум како тече снимањето и овој пат имам врвни соработници, вели истакнатиот македонски режисер Милчо Манчевски. Телма беше на ноќното снимање во Даут пашиниот амам на една од првите сцени на неговиот нов филм „Збогум Копакабано“ со мото „Брат, сестра и шахта“. И во овој филм Манчевски ги истражува општествено релевантните теми: сестринската љубов, сиромаштијата, корупцијата и општество кое се заснова на привилегии на богатите.

Виктор на покривот на Даут пашиниот амам со неверојатна леснотија се движи носејќи со себе парче железо. Низ тишина, која само на моменти е прекината од насоките кои ги дава Манчевски и восхитот на присутните за оваа леснотија со која Филип Трајковиќ ја повторува сцената неколку пати се одвива ноќниот сет за филмот „Збогум Копакабано“ во Даут пашиниот амам. Филмот ќе биде посмешен за разлика од моите претходни, вели Манчевски, но во исто време тоа е тажна приказна за брат, сестра и шахта, за оние кои собираат стари железа. Социјална трилер комедија за сиромаштијата, менталните болести и самотијата.

„Јас никогаш не работам со однапред зададена агенда јас раскажувам приказна и мене ме интересира заплетот, ме интересираат луѓето, а на тоа работиш две три пет години како кога. Ако е добар процесот и ако има синергија со соработниците, а овој пат имам феноменални соработници и меѓу глумците и меѓу екипата, вредните работи, темите пораките (ако така сакате да ги наречете ) сами испливуваат на површината и стануваат и поинтересни и повидливи и порелевантни“ рече Милчо Манчевски, режисер и сценарист.

„Мислам дека најтешките сцени, локации ги поминавме. Минатата недела снимавме на Аквадуктот на најжекото на 42, 43 степени. Претходно снимавме во Драчево каде што немаше една сенка, но мислам дека она што го завршивме до сега материјалот е одличен и најтешкото е зад нас што се вели“ изјави Јане Ќортошев, продуцент.

Главните улоги на братот и сестрата Виктор и Малина ги играат Сара Климовска и Филип Трајковиќ кои велат дека секој филм со Манчевски е магија.

„Особено односот партнерски кој го имам со Филип на овој филм е толку уникатен и толку ми е драг што се надевам дека сите партнери до крајот на животот ќе ми се како тебе и мислам дека ќе го викам бате до крајот на животот“ рече актерката Сара Климовска.

„Супер е комуникацијата со сите на сет, одлична е комуникацијата со Сара ние сме работеле веќе заедно, но никогаш до сега не сме се поврзале како на овој филм. Имаме супер енергија, брзо работиме. Имавме проби три недели и сето тоа помогна брзо да се решаваат работите во од“ вели актерот Филип Трајковиќ.

За мене ова е врв на соработката со Манчевски, со кого претходно соработував во „Пред дождот“ , „Сенки“ и „Прашина“, вели Јордан Симонов и магијата е секогаш тука со нас. Во што е поразлична соработката на овој филм во кој го толкува ликот на таткото на главните протагонисти во филмот :

„Го доловив ликот на Панче Ќерамида, еден транзиционен јунак кој ги чувствува сите тешкотии од транзицијата, она што сите го чувствуваме живеејќи во македониа 30 години. Го има кај Панче Ќерамида како лик и јас се надевам дека … Тој е трагикомичен лик и се смееме на неговата трагедија, меѓутоа тоа е нашиот живот тоа е Македонија“ изјави актерот  Јордан Симонов.

За еден филм е многу важно да игра на фестивал се согласува Манчевски. Сепак во последно време фестивалите станаа многу предвидливи и идеолошки диктирани, па така многу луѓе прават филмови сметајќи на фестивалите, не на самото дело. Јас не функционирам на тој начин вели Манчевски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака до „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Дејан Дејан

(видео)„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе