Култура

На зачеток активностите за Скопје- Европска престолнина на културата во 2028 година

Активностите околу реализацијата на проектот Скопје- Европска престолнина на културата 2028 година, се на зачеток. Ова на денешниот брифинг со новинарите го кажа градоначалничката Данела Арсовска. На прашањето од Телма, се работи ли на програмата за проектот, градоначалничката рече дека започнале со реализација, но дека клучни се следниве години за работа до 2028 година.

(изјава: Данела Арсовска- градоначалничка на Скопје)

  • Отпочнато е во координација со Брисел, тим од Брисел не посети. Во координација со Министерството за култура и Советот на Град Скопје се донесе одлуката за јавен повик и за избор на членови  кои што ќе бидат составени од експерти , од претставници од Министерството за култура , исто така, кои што ќе работат во следниве години, до 2028 година, на овој проект – ЕПК. Го имавме еден од првите мониторинзи. Морам да кажам дека сме многу задоволни и од наша и од нивна страна како помина истото. Сѐ е ставено на патот кон успешна реализација. И бидејќи ова е само зачеток од сега 2025 година. Па, 2026, 2027 , тоа се годините кога најголемиот корпус на активности , на градби , на завршување на реализација на сето она што согласно проектот треба да се направи.

Кон крајот на 2024 година беше објавениот извештај од експертскиот панел на првата мониторинг мисија за проектот Скопје – Европска престолнина на културата 2028, во кој е наведено дека Скопје треба значително да го подобри исполнувањето на своите обврски. Во извештајот, подготвен за Европската комисија беа наведени 13 препораки кои надлежните мора да ги исполнат.Панелот побара итен пристап до сите релевантни информации кои не се презентирани за време на состанокот, вклучувајќи ги статутите на телото за испорака, уверувања за нивото на политички и финансиски заложби од Министерството за култура и туризам, Градот Скопје и другите партнери. Во извештајот се бара од властите и детална програма со соодветни буџети, организациска структура, планови за мониторинг и евалуација и стратегија за комуникација и маркетинг.

На вчерашниот брифинг, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека се доцни околу две години со подготовките (титулата ЕПК , Скопје ја доби во септември 2023 година). Според министерот, формирано е Координативно тело од 13 членови- тројца од министерството и десет на предлог на Град Скопје , но не е позната нивната активност, ниту програмата на која се работи. Љутков, исто така кажа дека Град Скопје се обврзал за одржувањето на активностите за титулата „Скопје- Европска престолнина на културата 2028 година“ да издвои 25 милиони евра, а нема потпишан документ од Министерството за култура и туризам , за сумата што треба да ја вложи за истиот проект. Според министерот , тие ја спасуваат титулата, за да не ни биде одземена, со тоа што ќе се реконструираат 6- 7 простори низ главниот град и ќе прераснат во мултифункционални културни центри за потребите на „Скопје ЕПК 2028“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе