Вести Култура Топ вести

Љутков нема дилеми дека Синани е одличен за директор на Националната галерија

Немам дилема дека Синани е вистинскиот избор за директор, вели министерот Љутков по барањето на вработените во Национална галерија да биде поништен конкурсот и да им биде доставена целата документација од спроведениот конкурс. Доколку сакаат да ја видат документацијата тоа може да го сторат со пристап до податоците во кои стои кои се четворицата кандидати. За ова министерот може да одлучува сам, вели Љутков. Сепак, во име на транспарентноста и за да немам дилема во изборот, формирав комисија која ја разгледа програмата на секој кандидат. Во одредени случаи и министерот прави интервјуа со сите кандидати.

„Некогаш се случува да има интервјуа каде што има моја недоумица во однос на кандидатите, но таму каде што е чиста работата се одлучува веднаш по одлуките на Комисијата“, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Сакате да кажете дека во овој случај немавте дилема дека Синани е вистинскиот избор?

„Да, немав воопшто дилема, бидејќи има перфектна биографија. Одличен е за таа позиција, ја прочитав неговата програма, документацијата и одлучив тој ќе биде идниот директор“, додава Љутков.

Во врска со наводите на дел од вработените дека Синани веднаш по првиот работен ден заминал на одмор тој ги отфрла како невистини, затоа што токму во тој период бил на работа и потпишувал документи.

„Не сум бил на одмор. Бев тука, затоа што таа недела имав термини со една врвна уметница што ќе има изложба тука, среда или четврток беше и пиевме кафе. Се договаравме за идните соработки, изложби, итн. Имав потпишано и документи за колегите кои одат на одмор“, тврди Али Синани, директор на Национална галерија на Македонија.

Во врска со реакциите дека тој нема никакво искуство со музејската дејност која е основна дејност на галеријата, Синани со став:

„За искуство, јас од 2000 година живеам во Швајцарија. Се образував во Македонија кај врвните сликари во класата на професор Рубенс Корубин, магистрирав кај Антони Мазневски, во 2017 година завршив докторска дисертација, но во тој период кога бев во странство работев и работам со врвни светски сликари“, одговори Синани. 

Сето она за кое што сметам дека можеби немам доволно сознанија, се консултирам со оние кои тоа го знаат. Деновиве со Управата за заштита на културното наследство со кои имав средба и прво нешто што најмногу загрижува е начинот на кој се грижиме за културното наследство, вели Синани. Ниту сум барал заменик директор, ниту службено возило, туку програмски раководител што е сосема различно, додава тој.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Ќе се отвори ли конечно „Маркова Нога“, ова  е сепак Балкан вели за роковите евроабмасадорот Рокас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе