Топлотниот бран кој деновиве ја зафати Македонија денес и утре со кулминација, со што во делови од земјава се очекува температура и до 43°C. Низ целава земја со црвен метео аларм за опасност од висока температура. Ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 23°C, а максимумот од 36 до 43°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.5, Преспанско Езеро 23.5, Дојранско Езеро 26.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
