Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Независните како заедничка партија на изборите

Со здружени сили во една заедничка политичка партија, независните ќе го избегнуваат правниот вакуум кој настана околу нивното учество на претстојните локални избори. Ова следува по речиси пет месеци неизвесност, откако Уставен во март ги укина одредбите со кои големите партии им го зголемија бројот на потписи на независните за да се кандидираат.

Тие останаа во небрано, велат времето се ситни и се сомневаат во намерни „сопки“ од големите партии – а, како политичка партија дефинитивно ќе имаат можност да настапат со своите листи.

Од скопските општини засега три независни иницијативи се дел од групата – Независни за Карпош, Шанса за Центар и Зелени за Гази Баба, а можни се и други приклучувања.

„Нема каде не бевме. Бевме во Државната изборна комисија, таму не нѝ кажаа. Рекоа дека кога ќе почнат изборите, тогаш тие ќе бараат мислење. Владата не дава мислење. Значи очигледно е дека се прават „сопки“ само за да нѐ истрошат, да ги извлечат нашите ресурси во друга насока. Најверојатно и овие моменти на формирање партија или не – да го злоупотребат против нас“, вели Невена Георгиевска од „Независни за Карпош“. 

Изминатиов период, повеќе граѓански организации – вклучително и Зелен хуман град – разговараа за формирање заедничка партиска платформа за здружен граѓански настап. Сепак, Зелен хуман град одлучи самостојно да се регистрира како партија и да настапи одделно.

„Сè ќе направат за да нè снема. Менуваа Изборен законик во 2021 за да мора да собираме 10.000 потписи да добиеме право да се кандидираме за Совет на Град Скопје – не им успеа. Истото го направија во 2024 – ни тоа не им успеа. Затоа сега партиите што 30+ години ја парчосуваат Македонија решија дека независните веќе не може да се кандидираат на избори“, велат од Зелен Хуман Град. 

Претходно, од Собранието порачаа дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локални избори ќе мора да се реши – но, спикерот Гаши не знаеше подетално да каже како и кога би се согласиле парламентарните партии да го донесат законот.

Ако прашањето остане нерешено до одморите, ќе мора да се остави за крајот на август, посочи Гаши на еден од брифинзите со медиумите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе