Uncategorized Вести Свет Топ вести

(фото)Повеќе од 27 загинати – падна авион врз училиште во Дака

Бројот на загинати од падот на авион за тренинг на воздухопловните сили на Бангладеш врз училиште во Дака се искачи на 27 лица, од кои повеќето се ученици, соопштија локалните власти.

Кинескиот борбен авион F-7BGI вчера се урна врз двокатната зграда на училиштето „Мајлстоун Скул енд Колеџ“ во северниот дел на главниот град.

Првично беа пријавени 20 загинати и околу 171 повредени, а седуммина починаа од повредите во текот на ноќта, пренесе ДПА.

„Мојот најдобар пријател почина пред моите очи. Авионот падна врз нас, врз родителите што ги чекаа своите деца надвор. Беше крај на училишниот ден“, рече еден од преживеаните во Бангладеш, ученикот од 10-то одделение Фархан Хасан.

  • „Авионот се урна во зградата каде што беше мојата ќерка. Сопругата ми се јави, но се молев и не можев да ја добијам ќерка ми. Откако завршив со активностите, ја повикав и таа ми рече плачејќи дека авион се урна во зградата каде што е класот на мојата ќерка. Не знаев што да правам и потоа заминав натаму, а кога дојдов тука видов дека има огромен пожар. Имаше мртво тело на дете. Не можев да добијам никакви вести за мојата ќерка. Но, по околу 20 минути, таа ми се јави и ми рече дека е добро, немој да бидеш напнат. Ќерка ми отиде кај нејзината пријателка дома со нејзината мајка. Во меѓувреме, видов многу повредени, кожата им се лупеше“, раскажува Џуел, татко на ученичка.

Саједур Рахман, помошник на шефот на привремената влада, Мухамед Јунус, денеска изјави дека бројот на загинати се искачил на 27. Меѓу нив се пилотот и 25 деца, рече тој.

Идентитетот на шестмина од починатите се уште не може да се утврди, а околу 78 лица, претежно ученици и многумина со изгореници, се лекуваат во различни болници, рече тој.

Падот се случил неколку минути откако авионот полетал вчера попладне, според медиумската дивизија на војската на Бангладеш. Оттаму соопштија дека пилотот на тренажниот авион забележал техничка неисправност набргу откако полетал од воздухопловната база Курмитола во Дака.

Во моментот на падот многу деца сè уште биле присутни во училиштето, кое е наменето за ученици од основно до 12-то одделение. Владата денеска прогласи ден на национална жалост за да им оддаде почит на загинатите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе