Вести Култура Македонија Топ вести

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

„Брат, сестра и шахта“ е мотото на новиот филм „Збогум Копакабано“ на Милчо Манчевски . Социјална трилер комедија за брат и сестра кои крадат бисти низ Скопје. И во овој филм Манчевски ги истражува општествено релевантните теми: самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести и општество кое се заснова на привилегии на богатите. Снимањето на филмот „ Збогум Копакабано“ со работен наслов „Биста“ започнува на 15 јули.

  • Барав малку повесел наслов од Биста и Копакабана секогаш буди нешто разиграно нешто весело. Можеби затоа што кога бев дете Копакабана беше поим за музика за веселост за боса нова и за фудбал. Е сега тоа поливалентно се врзува со други работи во филмот името на тоа мало сиромашно селце каде што живеат нашите главни ликови по прекар е КопакабанаМилчо Манчевски, сценарист и режисер. 

Филмот е за сестринска љубов, саможртва, за добри и лоши луѓе, за богати и сиромашни, за слепи и окати, за тоа како живееме како умираме и како се смееме. 

Филмот ќе се снима во Скопје и на различни локации во околината на Скопје, за прв пат и на скопскиот Аквадукт.

  • Она што го добивме како идеја и во моментот кога застанавме пред Аквадуктот веднаш беше јасно дека тоа е нашата Копакабана. Онаа што сакаме да ја имаме во филмот и од таму па натаму веќе беше лесноЈане Ќортошев, продуцент на филмот.

Дејвид Манс од Велика Британија е дизајнер на продукција, директор на фотографија е искусниот Стефано Фаливене. Главните улоги ги играат Сара Климовска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов и Дејан Лилиќ.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе