Uncategorized

Блокираните евроинтеграции во фокус на пратеничките прашања

Дали Владата прави доволно или не за да се заштити јазикот и идентитетот, зајакнување на преговарачката позиција и деблокирање на евроинтеграциите се темите на кои на денешните пратенички прашања лидерот на опозицијата Венко Филипче и премиерот Христијан Мицкоски ги судрија своите ставови.

Според Филипче, премиерот и Владата се обидуваат да создадат впечаток дека се прави нешто, но во суштина ништо не се случува кога станува збор за позицијата на Македонија и евроинтеграциите додека Мицкоски реплицираше дека ќе сторат се да се почнат преговорите но не „како модерни Македонци“.

Филипче од собраниската говорница наброи неколку ставови на Мицкоски околу решавање на проблемот со Бугарија како промена на преговарачката рамка и уставни измени со одложено дејство. Тој  нагласи дека сега постои ризик од гласањето во европскиот Парламент  и кажа дека е потребна лидерска средба и национален консензус.

Премиерот Мицкоски пак кажа дека нема проблем и 30 етнички заедници да се стават во Уставот но тоа нема да го реши проблемот бидејќи останува ризикот од Бугарија да постави нови пречки во евроинтеграцискиот процес. Кажа дека ако ставот на СДСМ е дека јазикот и идентитетот се заштитени зошто тие преговарале и за новата ситација во европскито парламент побара соработка со сите политички чинители.

Претседателот на собранието Африм Гаши, на брифинг соопшти дека за најмалку пет закони вклучувајќи ги за Изборниот законик и локална самоуправа ќе нема бадентерово мнозинство а тоа може да предизвика проблем кога станува збор за прагот за независните листи на локалните избори бидејќи Уставен суд ги укина постоечки прагови.

На утрешната седница пред пратениците се законите за дигитализација, јавна администрација и електронски комуникации кои се дел од реформскиот пакет.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале собири за поддршка на Вучиќ

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

ЈАС СУМ ГНЕВ -недела, 07 јуни 2026 – 00:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе