Вести Македонија Најважни

Сообраќајка кај Скудриње – загина тетовец, сопатничката тешко повредена

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир  Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост.

„Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на самото место починал возачот Ш.С. (49) од Тетово, додека сопатничката, негова сопруга А.С. (47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“, рече портпаролот Реџепи.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

СДСМ: Вистинската штета не се изгубените 4,2 милиони евра, туку застојот на евроинтеграциите

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица се блокатори на Изборниот законик и на реформите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе