Uncategorized Вести Македонија Најважни

Шест пациенти се враќаат од странство

Две недели по страотната трагедија во Кочани денеска шест пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство, пет се од Србија (кои биле хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш и ВМА Белград ) и еден од Италија. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Според подацоите на Министерството за здравство кај останатите пациенти во странство кај дел има подобрување, додека неколкумина сè уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.

Во здравствените установи во државава се хоспитализирани 16 пациенти во добра општа состојба. Шест во ГОБ 8 септември и исто толку на Клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“  кај кои беше направена трансплантација на кожа.

„Сите се во добра општа здравствена состојба, локалниот статус е во подобрување и истите се подложни на редовни преврски и редовни контроли во однос на лабораториски анализи, така што можам да кажам дека нивната состојба е стабилна“, изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

„Да, имаме најава дека еден од пациентите од соседна Србија, мислам од Ниш би требало во текот на денот да се врати со медицински надзор од таму, така што подготвени сме за негово прифаќање и понатамошно постапување во зависност од неговата здравствена состојба“, додава Настов. 

Во приватните болници се хоспитализирани четири пациенти.

Во моментов на Клиниката за токсикологија нема хоспитализирано пациенти, за прием на нови кои се во странство и кои би требало да го продолжат лекувањето во земјава се очекуваат дополнителни информации.

„Од завчера имавме прием на четворица пациенти од кои тројца ги пуштивме по опсервација од 24 часа. И една пациентка ја задржавме уште 24 часа и ѝ направивме некои дополнителни клинички иследувања, меѓутоа затоа што сите иследувања беа во референтни вредности и неа во текот на вчерашниот ден ја пуштивме на домашно лекување така што денес на клиниката немаме ниту хоспитализирани, ниту опсервирани пациенти“, изјави проф. д-р Андон Чибишев, директор на Универзитетска клиника за токсикологија.

Во меѓувреме за пациентите кои се на домашно лекување во Кочани ќе продолжат да се испраќаат мултидисциплинарни тимови, составени од пластични хирурзи, психолози и психијатри.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе