Вести Култура

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Синдикатот на Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност за министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Ова го соопштија од Синдикатот на најстарата национална установа од културата, откако вчера со потпис на министерот, за директор на Филхармонија е назначен Мустафа Имери- тенор и професор по соло пеење во Средното музичко училиште, во Скопје.

Од Филхармонија велат дека одлуката  на Љутков е потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции.

Љутков донесе политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дискфалификува, тој реши на незаконски начин да го назначи за директор, кандитатот кој на конкурсот не ги достави сите потребни документи и со тоа ги прекрши условите пропишани во Законот за култура и во самиот конкурс. Затоа вработените ќе побараат кривична одговорност за министерот Љутков, кој наместо да ги почитува законите, реши до крај да го истера меѓупартискиот договор меѓу ВЛЕН и ДМПНЕ, велат од Синдикатот на Македонската филхармонија.

На филхармоничарите, како што велат, не им е важна етничката припадност на Имери, туку неговиот капацитет и способност  да раководи со оваа институција.

Од Синдикатот на Филхармонија најавија прекин на работата и протести по одржувањето на хуманитарниот концертот утре вечер, чии средства од влезниците ќе се донираат на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во кочанската дискотека.

Од Министерството за култура и туризам со одговор дека конкурсот за избор на директор е спроведен во согласност со сите законски прописи и дека по евалуацијата на пристигнатите пријави, извршениот увид во документацијата и разгледувањето на понудената програма за работа на националната установа, комисијата му предложила на министерот да повика двајца од кандидатите на интервју.

А, по нивното спроведување министерот Љутков донел одлука, Мустафа Имери да биде избран за директор на Македонската филхармонија. Во врска со најавениот прекин на работата, од министерството велат дека министерот нема законска обврска да се меша во работата на установата и дека за тоа е надлежен директорот , согласно законот и статутот на установата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Дејан Дејан

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Дејан Дејан

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе