Независното здружение на новинари на Србија со порака дека е неприфатливо искористување на жртвите за лична промоција, осудувајќи ја посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на повредените во пожарот кои се лекуваат таму.
Вуќиќ беше придружуван од голем број новинари, сниматели и фоторепортери. Независното здружение на новинари на Србија упати остри критики за постапката на српскиот претседател, која освен што е етички неприфатлива, потенцираат и дека ги загрозува животите на тешко повредените.
„Александар Вучиќ реши да ги искористи жртвите од пожарот за своја промоција. Овој пат заедно со новинарите реши да оди на „визита“ и наместо надлежните во Клиничкиот центар на Србија, да ја информира јавноста и семејствата на повредените за нивната здравствена состојба“ стои во соопштението на Независното здружение на новинари на Србија.
Од здружението прашуваат и кој ја дозволил посетата.