Uncategorized Вести Економија

Дизелот поевтинува за 1,5 денар од полноќ, бензините со непроменети цени

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29  отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) е 68,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 68 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 74,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,916 денари за килограм се намамува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,345 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,592 отсто и кај мазутот за 0,172 отсто, додека кај дизелот има намалување за 1,513,  а кај екстра лесното масло за 1,550 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 2,5506 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Дејан Дејан

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Дејан Дејан

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе