Вести Македонија Најважни

„Ѓока“ нема да гради катни гаражи во Клинички – паркингот ќе биде понуден на ЈП „Градски паркинг“

Министерството за здравство го поништи огласот, а „Ѓока Констракшн“ нема да гради катни гаражи на Клинички центар „Мајка Тереза“. Таравари вели дека немаат пари за да инвестираат во паркинг места, па понуди две решенија.

„Доколку тие прифатат да направат паркинг места, катни гаражи. Мене ми требаат уште минимум 500 до 600 паркинг места, иако неопходно е околу 1.000/1.100 за да нема никаква гужва.  Меѓутоа по физибилити студијата нема друго можно решение барем за сега, ете отворени сме да служнеме секакви идеи од секого“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Од градски паркинг со став.

„Сè уште немаме добиено официјална покана од министерот за здравство за состанок на кои ќе ги договориме деталите. ЈП „Градски Паркинг“ е подготвен да соработува со цел подобрување на услугите на Клиничкиот Центар“, соопштија од ЈП „Градски паркинг“ Скопје.

Доколку претпријатието не ја прифати идејата на министерот, друга опција ќе бидат службите за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар

„Ќе се видам со директорот на заеднички служби како последна опција, ако не може никој тогаш заедники служби барем да имаме приход таму и евентуално да се постават одредени механизми или апарати за да функционира паркингот“, додаде Таравари.

Извори на Телма брифираат дека доколку една од овие две опции на министерот Таравари прифати да стопанисува со Клиничкиот центар, нема да се распише оглас, а постапката ќе биде интерна, односно земјиштето што го има на користење министерството за здравство ќе го даде или на ЈП Градски Паркинг или на службите на Клинички.

Здравство распиша оглас за изградба на катни гаражи, а се пријави само албанската фирма „Ѓока Констракшн“. Фирмата партнер требаше да го добие паркингот на 20 години, иако министерот Таравари тврдеше дека тоа ќе трае пократко до најмногу 10 години, а државата да добие еден процент од прометот со наплатата на паркинг.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе