Жителите на Арачиново и Сингелиќ денеска излегуваат на протест поради високите сметки за струја. Се организираа на социјалните мрежи каде споделија и фотографии од нивните сметки. На кои им е тарифирана потрошена енергија во вредност од 35.000 до 75.000 денари.
Здруженијата на инженери вчера побараа да се отчитуваат броилата секој месец.
Од електродистрибуција пак вчера информираа дека најголем дел од броилата се читаат редовно, додека само мал процент остануваат непрочитани во текот на месецот затоа што како што велат станува збор за затворени мерни уреди или пак се наоѓаат во рурални средини кои не се пристапни во текот на целата година.
