Вести Забава Култура Најважни

„Анора“ со пет статуетки, меѓу кои најдобар филм, режија и главна женска улога за Медисон, втор Оскар и за Броди

Филмот „Анора“  беше победникот на 97-то издание на Оскарите, откако синоќа во Долби театарот „собра“ пет статуетки, за најдобар филм, режија, монтажа, сценарио и најдобра женска главна улога, која ја доби 25 годишната Мајки Медисон. „Анора“, филм кој ја прикажува бурната романса на истоимената хероина, млада стриптизерка од Бруклин со синот на руски олигарх е само петтиот филм во историјата кој успеал да освои Оскар и Златна палма.

Едриен Броди беше почестен со вториот Оскар во кариерата за главната улога во „Бруталист“, интересно со иста тематика, за холокустот како и неговата прва статуетка во 2002 година за филмот „Пијанист“. Овој пат толкуваше улога на Евреин архитект кој се обидува да изгради нов живот во САД по Холокаустот во Европа. „Бруталист“ освои уште два Оскари, за најдобра музика и кинематографија.

Оскарите за споредни улоги го однесоа Зои Солдана, за нејзината улога во „Злобница“ и Киран Калкин за филмот „Вистинска болка“. „Злобница“ доби уште два оскари, за костимографија и продукција.

Блокбастерот на „Дина“ на Денис Виланев собра две награди, за визуелни ефекти и тон.

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје беше прогласен бразилскиот „Сѐ уште сум овде“, додека „Конклава“ беше награден со најдобра адаптација. „Нема друга земја“ ја однесе победата меѓу документарните филмови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски бара нова рунда мировни преговори со Москва

Дејан Дејан

Иран може да одржи нуклеарни разговори со три европски земји

Дејан Дејан

Спасувачка акција на Пелистер: Планинар скршил нога каде не може да се стигне со возило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе