Култура

Промовиран каталогот „ 100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“

Одржана промоцијата на каталогот „ 100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“. На 150 страници текст на македонски и англиски јазик, дополнети со фотографии во боја, ова издание е своевиден треилер на истражувањата, заштитата и презентацијата на богатото археолошко наследство на нашиве простори, од страна на вработените во најстариот музеј во Македонија. Во каталогот се претставени артефакти од 18 збирки, од палеолитот, неолитот, металното доба, антиката, средниот век, но и оружје од поново време. Книгата ја издаде Министерството за култура и туризам. Со неа се комплетира приказот за работата на Археолошкиот музеј, по објавувањето  лани на изданието за неговиот историјат, по повод прославата на 100-годишнината од формирањето, кажа професорот Драги Митревски на денешната промоција.

  • Недостасуваше ваква книга, да ја надополни таа слика. Да ни каже со каква институција си имаме работа. Што има во таа институција, што можеме да видиме, што можеме да научиме ако отидеме во Археолошкиот музеј. Е, токму тоа ни го нуди оваа книга, рече проф.д-р Драги Митревски, промотор на каталогот.
  • Во време кога светот се менува со неверојатна брзина, кога кризите , било економски, еколошки или културни, нѐ потсетуваат на сопствената кревкост, токму културното наследство е тоа што не зацврстува. Ни покажува дека сме дел од една поголема приказна, кажа Магдалена Манаскова, в.д. директорка на Археолошкиот музеј.
  • Македонија денес е несомнено силен предизвик за туристичките движења. Токму затоа, реализацијата на еден ваков проект ќе придонесе пред домашните и странските посетители, да биде претставено богатото културно наследство на Македонија, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе