Uncategorized

Предлогот за разрешување на Коцевски сè уште не е испратен во Советот на јавни обивнители, Владата засега не го објавува

Кои се крупните професионални грешки што според владата ги направил државниот обвинител и дали ќе го објават предлогот за разрешување на Коцевски, од Владата ни одговорија дека јавноста веќе ги знае причините. Дополнуваат и дека пратениците на јавни расправи ќе одлучуваат „за“ или „против“ евентуално разрешување на јавниот обвинител и јавноста ќе биде детално запознаена.

„Владата работи согласно со владини процедури кои треба да минат и истиот потоа да биде испратен до Советот на јавни обвинители. Во однос на информираноста на јавноста, како Влада цениме дека досега комплетно транспарентно ги комунициравме причините, а во однос на крупните професионални грешки цениме дека целата македонска јавност е добро запозната, што се докажува и со 2% доверба која граѓаните ја имаат во правосудството“, велат од владата. 

Премиерот на денешната седница за пратенички прашања ги повторои критиките за Коцевски, но ги нагласи превирањата во обвинителството и „Бонусите на СЈО“, предмет за кој токму ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава.

Вишиот обвинител Јован Цветановски, кој го водеше предметот за „Бонусите на СЈО“ беше суспендиран откако беше поведена дисциплинска постапка заради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. Дисциплинска, но и кривична постапка, се води и за неговиот шеф Мустафа Хајрулахи кој е, исто така, суспендиран.

Тој го обвинуваше Коцевски дека му вршел притисок за овој предмет, државниот негираше, а сите овие обвинувања почнаа по најавите на премиерот дека власта ќе му даде шанса на државниот обвинител да се покаже пред да бараат смена. Неколку месеци подоцна владата ја почна постапката за разрешување.

Откако предлогот за разрешување ќе пристигне во Советот, тие имаат законски рок од 15 дена да дадат позитивно или негативно мислење. Државниот обвинител не учествува на таа седница, но има право писмено да одговори на обвинувањата во предлогот од владата. Советот го испраќа мислењето во Владата, а според изјавите од власта, извесно е дека постапката ќе оди до крај со гласање во парламентот каде Коцевски може да присуствува и да се произнесе по предлогот. Потребни се 61 глас за да биде разрешен државниот обвинител. Тој веќе се изјасни – дали ќе биде разрешен законски или не, ќе цени јавноста, но рече дека не направил крупна професионална грешка.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Светлината на Воскресението да биде водилка во заедничките напори за праведно и хумано општество

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе