Вести Свет Топ вести

Мерц по денешните избори во Германија: Победивме

„Победивме на овие избори“, објави Фрудрих Мерц, лидер на Демохристијаните (ЦДУ), во обраќањето пред присутните во Берлин по објавувањето на резултатите од првичните излезни анкети.

Неговата партија, заедно со баварската сестринска партија Христијанско-социјална унија (ЦСУ), според непотврдените излезни анкети освоија вкупно 29 отсто од гласовите.

„Она што сакам да го кажам на нашите бирачи е „ви благодарам“ што ни укажавте доверба, мене лично и на нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во смисла на одговорност. И свесен сум за обемот на работа што е пред нас. Со најголема почит ја преземам таа одговорност“, продолжи Мерц.

Нагласи оти брзо формирање на коалиција е важно.

„Надворешниот свет нема да нè чека. Сега ќе разговараме едни со други и што поскоро мора да составиме одржлива влада во Германија, влада која ќе може да делува врз основа на мнозинство“, порача Мерц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе