Вести Култура

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

-Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската ,,Кармина Бурана” од Карл Орф ❤️🙏👏 којашто се случи во големата сала на НДК во Софија, објави Филхармонија на официјалниот ФБ профил по маестралната изведба.

Над 250 музичари уметници беа на сцената во Националниот дворец на културата. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации.

-Главниот ,,виновник” за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров, пак, не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело. Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, објави Филхармонија.

-Со колегите од Грција и од Македонија одлучивме да започнеме нешто ново и да им кажеме на сите луѓе дека кога сме заедно можеме да направиме чуда, порача од сцената маестро Најден Тодоров во своето обраќање до публиката која со стоечки овации и аплауз ги испрати уметниците од сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filharmonija (@filharmonija_mk)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе