Точно напладне почна состанокот во владата помеѓу синдикатите, владата и работодавачите. На средбата присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, како и и министерот за економија и труд Дурмиши.
Освен за зголемените трошоци на граѓаните и високите цени, тема на средбата на Социјално-економскиот совет ќе биде и висината на минималната плата.
Сметаме дека 2 минимални плати треба да ја покријат минималната кошница и минималната плата треба да се зголеми како што викаат и самите работодавачи ,треба срам да не фати нас синдикалците ако кажуваме помалку од тоа што работодавачите сакаат да ни го дадат ,треба да најдеме начин доколку работодавачите имаат желба да се зголемат платите на сите вработени во приватниот сектор да се изнајде решение со кои владата ќе го помогне процесот ,односно ќе субвенционира дел од придонесите кои ќе бидат или пак ќе бидат ослободени за временски период по кои потоа ќе плаќаат изјави Слободан Трендафилов.
Наглото покачување на минималната плата е де факто голем товар особено за микро малите компании особено во занаечистката дејност така да според методологијата во Март треба да се покачи минималната плата скоро до 25 000 денари нашиот предлог е за покачувањето околу 1000 до 9000 денари да ни помогне државата околу придонесите ,секое покачување кое ќе го изведат работодавачите во износ од 1000 до 9000 денари да биде помогнато во рок од една година од владата преку социјалните придонеси изјави Миле Бошков.