Вести Култура Топ вести

(видео)Премиерата на “Народен пратеник“ во МНТ за несоодветноста на нашите политичари

Не постои несоодветност околу која нашите политичари не се извежбани, вели истакнатиот српски режисер Егон Савин , за изборот на текстот „ Народен пратеник“ , од комедиографот Бранислав Нушиќ, кој што викендов беше премиерно изведен на малата сцена на Македонскиот народен театар. Со оваа претства МНТ ја продолжува прославата на осумдецениското постоење. За 80 години, ова е трета постановка на „ Народен пратеник“ во МНТ и трета соработка на Савин со театарот.

  • Се работи за корупција, се работи за недолично однесување, кое што е воведено во нашиот политички живот како нешто нормално. И лажење, измама, и ветување, и за лудиот радување. Нема едноставно, не постои таа несоодветност , околу која нашите политичари не се извежбани. Многу вешто тоа го прават, како да се ликови од Нушиќ, вели Егон Савин, режисер и автор на адаптацијата на текстот.

Дејствието во оваа сатира го следи обидот на трговецот Јеврем Прокиќ да биде избран за пратеник од власта, додека неговиот иден зет, Ивковиќ, е кандидат за пратеник од опозицијата. Во постановката на Егон Савин , ликот на вереникот на Даница- ќерката на Прокиќ , што ја толкува Дарја Ризова , е скратен заедно со уште 11 други, со цел да се потенцира алчноста и подготвеноста на неподобните поединци како Јеврем, да дојдат до власт.

  • На него не му недостигаат пари или такви нешта. Тој е богат човек. Ама, му недостига народна доверба, слава, почести, такви работи. И затоа влегува во една сулуда авантура , каде што троши еден куп пари, подмитува, прави… Ама, на нашата публика сѐ тоа и е многу добро познато, вели Александар Микиќ, актер што го толкува ликот на Јеврем Прокиќ.

Во претставата играат и докажаните актери: Тони Михајловски, Тања Кочовска и Јордан Симонов. Нивните комични карактери го манифестираат личниот интерес од можното стапување на власт на Јеврем.

Сценографијата е на Весна Поповиќ, автор на костимите е Роза Трајческа- Ристовска, а дијалектната адптација на текстот, на скопски говор, ја направи Томислав Османли.

Накусо, „ Народен пратеник“ е остра критика на паланечкиот менталитет и занимавање со политика. Како што напишал Нушиќ кон крајот на 19 век, нештата до денес не се променети, за жал.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Путин бара привремена администрација во Киев

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе