Вести Култура Македонија

Звуците на традиционалниот василичарски концерт

Секој Василичарски концерт кој е традиција веќе 30 години е само уште еден показател дека македонската публика знае да ги препознае културните вредности, да ги следи во континуитет, да биде критична тогаш кога е потребно, да ужива во едно празнично чувство и барем за миг да заборави на секојдневните грижи кои биле во годината која изминала, надевајќи се дека Новата година ќе има многу повеќе креативни предизвици.

 – Морам да истакнам како македонски уметник дека е огромно задоволство можеби за прв пат да имаме на сцента на Националната опера диригент со вакво реноме. Оливер Диаз е диригент кој што има диригирано најмалку 15 пати со Пласидо Доминго, Елина Гаранча и со најголемиот оперски врв. И покрај тоа што е непознат факт за македонската публика би сакал да го истакнам податокот дека конечно на сцената имаме уметници од највисок светски ранг, порача Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот „Охридско лето“.

За сопранистката Ирене Палазон и тенорот Хозе Луис Сола  Василичарскиот концерт беше воедно и прв настап на македонската сцена.

– Правевме малку анализа бидејќи многу уметници доаѓаат тука од Италија, од Бугарија, од Србија, од нашиот регион претежно. Сакаме да прошириме со друг тип на уметници, од други земји, затоа што постојат уметници кои се навистина многу добри како што се вечерашните, од Мадридската кралска опера, диригентот е многу познат, големо CV голем диригент тоа го покажаа и на вечерашниот концерт, изјави Оливер Арсовски, директор на Национална опера и балет.

 Секој концерт е можност и за оркестарот на Националната опера и балет низ дијалогот во музиката да ги потврди сопствените квалитети во време во кое неретко сведочиме на естрадизација на културата.

– Морам да истакна дека Оливер Диаз е мој личен пријател и како македонски уметник моето најголемо задоволство што после првата проба ми кажа дека имаме одличен оркестар. Тоа е голем комплимент од голем уметник, особено затоа што на Балканот веќе оркестрите не владеат со истиот квалитет со кој владееа порано т. е сите сме сведоци на една деструкција на културата и кога потекнуваме од вака мала држава и знаеме дека имаме големи вредности кои се препознаени од големи уметници, навистина е големо задоволство, изјави Цуцковски.

Вториот концерт по повод Василица ќе се одржи во понеделник на 13 јануари.

Нина Стефанова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе