Вести Економија

Градежна треска во Штип, за една година продадени станови во вредност од 13 милиони евра

Во Штип за една година се продадени станови, чија вредност се проценува на 13 милиони евра. Интерес за купување има и за старите, но и новите градби. Досега се продадени 270 станови низ населбите и централното градско подрачје.

Ако изминатите години станови купуваа турски државјани, кои студираат во Штип, оваа година е година на домашните купувачи од Штип и од соседните градови во регионот.

Градежните компании во моментов градат нови 200 станови, кои во 2025 година ќе бидат евидентирани во штипското даночно одделение.

Со цел да се излезе и во пресрет на граѓаните кои сакаат да градат нови куќи, општината ќе понуди градежни парцели на две локации, едната е во непосредна близина на булеварот „Партизанска“ и втората е во проградската населба Три Чешми, каде што деновиве веќе се продадени и 10 парцели за индивидуално домување.

Поради големиот интерес за инвестирање во недвижности во Штип, во 2025 година ќе се работи 44 плански документации, финансирани од приватни инвеститори, но и од самата Општина. Со изградбата на линија два градот ќе се шири од населбите Пребег и Железничка до бањата Кежовица и Ново Село.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе